Македонската репрезентација до 15 години ја совлада Ерменија со 2-1 на последниот натпревар од развојниот турнир во Албанија. Селекцијата предводена од Горан Станковски запиша победа против Косово (1-0) на отворањето на турнирот, а во второто коло, минимално загубивме од домашната репрезентација на Албанија (0-1).
На денешниот натпревар против Ерменија рано го отворивме резултатот, веќе во третата минута, Виган Таири донесе предност за Македонија. Ариан Исаку во 52. минута го удвои нашето водство, а противникот во последната минута само ја намали предноста.
Македонија до 15 години: Јован Даноски, Андреја Блажев (76` Хамза Зубери), Калин Аврамовски, Ариан Исаку (76` Дин Рожајац), Ејман Емини (82` Филип Богоевски), Фисник Амити (82` Диар Ајрулау), Васко Трајков (46` Павел Димоски), Доротеј Христов (46` Драган Петков), Стефан Стојановски (63` Амар Незири), Виган Таири (63` Борис Матески), Јован Јанчевски (63` Дијар Алиу); Селектор: Горан Станковски;
Репрезентацијата на Албанија до 15 години го освои првото место во групата. Нашата селекција заврши на второто место со две победи.
												
																					- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal 
- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal 
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							












