Connect with us

Мајнц лесно ја победи Борусија Дортмунд која со мислите е кон финалето на ЛШ (ВИДЕО)

Мајнц се бори за опстанок, па лесно ја победи Борусија Дортмунд со 3-0. „Милионерите“ со мислите се кон финалето на Лигата на шампионите во кое ќе се сретнат со Реал Мадрид на 1 јуни на „Вембли“.

Леандро Бареиро во 12.минута го отвори резултатот, а само седум минути подоцна Ли Јае-Сунг зголеми на 2-0. Истиот фудбалер во 23.минута погоди уште еднаш и беше јасно дека Мајнц ќе освои три бода на оваа пресметка.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови