
Мајнц го раскина договорот со крилниот напаѓач Анвар Ел Гази, поради пораката на играчот на социјалните мрежи во која тој покажа поддршка за палестинскиот народ.
Германскиот бундеслигаш го суспендираше Ел Гази од тимот по контроверзната објава на Инстаграм, но таа суспензија беше укината во понеделникот со образложение дека фудбалерот „се покаја за своите постапки“ и дека ќе продолжи да му стои на располагање на тренерот.
Сепак, во петокот клубот излезе со соопштение во кое потврди дека договорот на Ел Гази е раскинат, а Холанѓанецот со мароканско потекло веќе не е член на Мајнц.
„Мајнц 05 веднаш го раскинува договорниот однос со Анвар Ел Гази“, се наведува во соопштението на клубот објавено вчера.
По одлуката на клубот, Ел Гази брзо се огласи на социјалните мрежи со следниве зборови:
„Застанете зад она што е исправно, дури и ако тоа значи да останете сами“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Нов удар за Ливерпул, се повреди Џереми Фримпонг

Евро-фудбал
Чаби Алонсо со пофалби за Џуд Белингам

Евро-фудбал
Арне Слот: Многу ни беше потребна оваа победа
