
Мајката на Роналдо, Долорес е уверена дека петкратниот освојувач на “Златната топка” ќе го напушти Јувентус во летниот преоден рок. Таа вети дека ќе ја убеди суперѕвездата да се врати во Спортинг Лисабон следната сезона.
“Ќе разговарам со него за да се врати”, им порача таа на симпатизерите за Спортинг, кој ја освои националната титула за првпат по 19 години. “Следната сезона, ќе игра на стадионот Алваладе во Лисабон”.
Иако Роналдо е моментно најдобар голгетер во Серија А оваа сезона, кој го постигна својот 100. гол во дресот на Јувентус во победата од 3-1 против Сасуоло во средата, “старата дама” минува низ тешка сезона и ризикува да не се квалификува во Лигата на шампионите.
Португалскиот ас ја започна својата кариера во Спортинг, токму во онаа победничка 2002 година, а продолжи да освојува трофеи во Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, промовирајќи се како еден од најдобрите играчи во историјата на фудбалот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal
