
Фудбалерите на Академија Пандев запишаа и втора победа на стартот од подготовките за настапите на европската сцена. По претходната победа против Локомотив Пловдив од 1-0, овој пат „пандевци“, повторно во Банско, беа подобри од уште еден бугарски прволигаш, Берое славејќи со 2-0.
Но, триумфот мина во сенка на инцидентот и мачните сцени поврзани со стоперот Диме Димов. Во 17. минута од натпреварот, при еден судир со противничкиот фудбалер Ерол Алкан, Димов падна во бессознание притоа голтајќи го јазикот. Медицински лица од двата тима итно се впуштиле во акција поради критичната ситуација и со навремена интервенција на крајот успеаја да го спасат животот на дефанзивецот на Академија Пандев кој веднаш е префрлен во медицинскиот центар каде сега се наоѓа во стабилна состојба.
А, на самиот натпревар Академија Пандев далеку подобра од противникот. До водство македонскиот тим дојде со голот на капитенот Љупче Дориев во 24. минута, а конечните 2-0 ги постави Илиев во 82. минута.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лука Модриќ потпишува за Милан
