
Напаѓачот на Аталанта, Адемола Лукман, се почувствува погоден од критиките на тренерот Џанпјеро Гасперини и му одговори јавно.
Во реваншот од плејофот за Лигата на шампионите против Клуб Бриж, Лукман постигна гол, но исто така промаши пенал при поразот од 1-3, со што Аталанта беше елиминирана, бидејќи претходно загуби и во првиот натпревар со 1-2.
По мечот, Гасперини изјави дека Лукман самостојно одлучил да го изведе пеналот, иако одредени биле други играчи (Матео Ретеги и Шарл де Кетеларе).
Нигерискиот репрезентативец реагираше на овие коментари, истакнувајќи дека му пречи начинот на кој тренерот јавно го посочил како виновник. Според него, токму одредениот изведувач на пеналот му дал дозвола тој да шутира.
„Тажен сум што во ден како овој морам да го напишам следново, особено поради тоа што како тим и како град постигнавме многу. Начинот на кој бев посочен не само што ме боли, туку е и крајно непочитување – барем заради целиот труд и посветеност што секојдневно ги вложувам за да му помогнам на клубот и да ги израдувам неверојатните навивачи од Бергамо.
Вистината е дека во текот на мојот престој овде се соочив со многу тешки моменти, за кои не сум зборувал, бидејќи секогаш го ставам тимот на прво место. Токму затоа, тоа што се случи синоќа ми причинува уште поголема болка. Како што нашите навивачи страдаат поради овој резултат, така страдаме и ние како тим.
За време на натпреварот, играчот кој беше назначен да го изведе пеналот ми рече јас да шутирам. Ја презедов одговорноста со цел да му помогнам на тимот. Животот носи предизвици, но исто така ни дава можност болката да ја претвориме во сила – и токму тоа ќе продолжам да го правам“, истакна Адемола Лукман.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкендија се засили со Атдхе Мазари

Евро-фудбал
Леон Бејли ја засили Рома

Интернационалци
„Билд“: Лајпциг бара 20 милиони евра за продажба на Елмас

Евро-фудбал
Левандовски се врати на тренинзите на Барселона

Евро-фудбал
Пропаѓа трансферот на Нкунку во Баерн?

Млади репрезентации
Македонија У16 со убедлив триумф против Црногорците
