Connect with us

Лукаку „виси“ за дуелот со Рома

Напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку, најверојатно ќе го пропушти дербито со Рома овој викенд, пренесуваат италијанските медиуми.


Белгиецот неодамна продолжи со тренинзите откако се опорави од повредата, но се уште работи на индивидуален план и не е подготвен да се приклучи на тимот.

Лукаку најверојатно ќе биде подготвен за натпреварот од Лигата на шампионите против Барселона на 4 октомври.

Турскиот играч за врска, Хакан Чалханоглу, се опорави од повредата и тренира, а се очекува стручниот штаб да може да смета на играчот за саботниот натпревар со „волчицата“.

Интер ќе се соочи со Рома на 1 октомври. На натпреварот нема да може да настапи и Хрватот Марсело Брозовиќ, кој се повреди на натпревар за репрезентацијата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови