
Напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку, ќе продолжи со тренинзите за една недела, откри селекторот на Белгија, Роберто Мартинез. Лукаку се лекува од повреда и е изоставен од составот на Белгија за натпреварите од Лигата на нации на 22 септември против Велс во Брисел и на 25 септември против Холандија во Амстердам.
Напаѓачот ги пропушти последните шест натпревари на Интер поради повредата.
„Опоравувањето на Лукаку оди добро. Тој најверојатно ќе се врати на тренинзите на Интер за една недела. Решивме да не ризикуваме бидејќи повторувањето на повредата пред Светското првенство би било многу опасно”, изјави Мартинез.
Лукаку оваа сезона има три настапи во Серија А, постигна еден гол и забележа една асистенција.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal