Connect with us

Лукаку се враќа на дуелот против Плзен

Белгискиот фудбалер и напаѓач на Интер, Ромелу Лукаку, се врати на тренинзите на тимот, откако поради повреда отсуствуваше од терените од крајот на август, соопштија денеска од италијанскиот клуб.


Лукаку се враќа на тренинзите точно еден месец пред почетокот на Светското првенство во Катар.

Во Интер се надеваат дека Лукаку би можел да биде во тимот веќе на првенствениот натпревар против Фиорентина. Ако не за викендот во првенството, клубот верува дека Лукаку сигурно за седум дена ќе игра на натпреварот од Лигата на шампионите против Плзен.

Последниот натпревар Лукаку го одигра на 26 август, во кој Интер загуби од Лацио со 1-3.
Лукаку забележа 102 настапи за националниот тим и постигна 68 голови.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови