
Враќањето на Ромелу Лукаку на фудбалските терените ќе почека. Напаѓачот на Интер ги мина медицинските тестови, по што стана јасно дека нема да може да продолжи со тренинзи. Тој ќе биде подложен на дополнителни тестови на почетокот на следната недела и Симоне Инзаги се надева дека Белгиецот ќе биде подготвен за натпреварот против Фиорентина на 22 октомври.
Лукаку се врати во Интер ова лето и добро ја започна сезоната. Сепак, потоа заработи повреда на мускулот што го мачеше околу шест недели. Тој веќе пропушти десет натпревари на „нероаѕурите“.
Напаѓачот се надева дека ќе може да одигра неколку натпревари во Серија А за да може да влезе во ритам пред Светското првенство во Катар.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бојан Миовски пред трансфер во Глазгов Ренџерс

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ
