Европскиот првак Челси и официјално е посилен за еден од најдобрите напаѓачи во Европа и светот, Ромелу Лукаку. На промоцијата на „Стемфорд бриџ“, Белгиецот истакна дека има огромни мотиви за докажување во овој дрес, а ќе се обиде да му помогне на Челси да доминира и во наредните нелколку години.
„Челси сака да продолжи да победува во Европа и во Англија. Тука се совпаднаа нашите амбиции, јас дојдов да му помогнам да доминира во наредните неколку години. Имаме идентични амбиции – да бидеме најдобри. Ќе се трудам максимално на секој тренинг, ќе сакам да победувам на секој натпревар во дресот на овој клуб“, изјави Ромелу Лукаку на промоцијата.
Белгиецот во 2011 година како млад фудбалер дојде во Челси, но не успеа да се наметне. Следуваа неколку позајмици, во ВБА, потоа и трансфер во Евертон, од каде се пресели во Манчестер Јунајтед. Во полн сјај блесна во дресот на Интер, а сега повторно се враќа во Премиер – лигата.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski