
Турскиот гигант Фенербахче е заинтересиран за ангажман на новиот бисер на македонскиот фудбал, член на Работнички и младински репрезентативец на Македонија, Лука Станковски, дознава МАКФУДБАЛ. Тој би можел да тргне по стапките на Елиф Елмас и да се пресели во Фенер доколку иницијативата на главниот скаут за Балканот се преточи и во официјална понуда која Фенербахче ќе ја испрати до клубот од Дебар Маало.
Фенербахче е во напредни преговори со Месут Озил за мегатрансфер на Германевцот од Арсенал, но паралелно клубот работи и на други засилувања. Едно од имињата кои се во списокот на Ерол Булут е токму Лука Станковски.
Младиот фудбалер на Работнички имаше одлична полусезона во дресот на „романтичарите“, постигна седум гола и беше еден од најзабележителните играчи во Првата фудбалска лига.
Пред три години, од Работнички во Фенербахче трансфер оствари Елиф Елмас кој одигра две сезони во турскиот клуб, а потоа направи уште поголем трансфер во италијанскиот калчолигаш Наполи.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар
