
Најдобриот млад фудбалер во Македонија, момчето од милион евра на Работнички, Лука Станковски, го потврди својот голем потенцијал во уште една статистичка категорија и тоа на ниво на цела поранешна Југославија. Тој е најдобриот млад дриблер во лигите од екс СФРЈ.
Во предвид се земени сите млади фудбалери до 20 години во елитните натпреварувања од Македонија до Словенија, кои имаат одиграно најмалку 10 натпревари во сезоната 2021/22 и направиле минимум по два дриблинга на натпревар. Лука Станковски е најдоброрангиран, со 79% успешност на дриблинзите, заедно со Седад Субашиќ од Железничар Сараево. Сепак, Станковски е на врвот со одиграни 12 натпревари во македонската Прва лига, додека Субашиќ одиграл 15 меча оваа сезона.
Лука Станковски во моментот е дел од младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година која се подготвува за натпреварите против Украина и против Франција, а на оваа листа има уште еден македонски репрезентативец, Ѓорѓи Јанкулов од Борец. Тој се наоѓа на 11. позиција на рангирањето, има одиграно 10 натпревари и 70% успешни дриблинзи.


-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Рафиња потпишува нов договор со Барселона
