Connect with us

Лука Станковски: Македонија оди на победа на секој натпревар, без разлика кој е ривалот

Фудбалската репрезентација на Македонија денеска го има својот собир во пресрет на двата предизвици во ноемврискиот прозорец.


Првиот предизвик ќе биде на 13 ноември, кога „црвено-жолтите“ на домашен терен ќе ја пречекаат селекцијата на Летонија во пријателски натпревар. Пет дена подоцна, на 18 ноември, тимот ќе го одигра последниот квалификациски натпревар од тековната кампања за Светското првенство, против Велс во Кардиф.


Селекторот Благоја Милевски овојпат повика 28 фудбалери, што му овозможува голем избор и можност за ротации на сите позиции. Тој ќе одлучи како ќе ја распореди минутажата меѓу играчите во двата дуела.


Еден од оние кои со нетрпение очекуваат шанса за настап е Лука Станковски, играчот на Раднички Крагуевац.


„Секогаш со големо задоволство доаѓаме во репрезентацијата, и овојпат е исто. Не очекуваат два интересни натпревари – пријателскиот со Летонија и квалификацискиот со Велс. Натпреварот со Летонија е одлична можност за нас, помладите, да стекнеме дополнително искуство и да покажеме што можеме. А против Велс сите знаеме што е во прашање – историски успех и пласман. Македонија секогаш оди на победа, без разлика на противникот“, изјави Лука Станковски.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови