Connect with us

Лука Станковски донесе триумф за Горица

Младинскиот репрезентативец Лука Станковски го постигна првиот гол за Горица и донесе важен триумф (0-1) за својот нов тим во битката за опстанок во првенството на Словенија. Горица го победи Целје на гости со минимален резултат.

Лука Станковски стрелаше во 49.минута од овој меч.

Македонскиот интернационалец е фудбалер на Газијантеп кој поради катастрофалниот земјотрес во Турција и откажувањето на неговиот тим од натпреварувањето оваа сезона, одлучи да игра како позајмен играч во Горица до крајот на шампионатот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови