Хрватскиот интернационалец Лука Модриќ потпиша нов договор со Реал Мадрид и ќе остане на „Сантијаго Бернабеу“ до јуни 2022 година. По долги преговори, Модриќ постигна договор со раководството на клубот да го носи дресот на „кралевите“ уште една сезона. Актуелниот договор му истекуваше на крајот од сезоната, а 35-годишниот Модриќ се уште игра на врвно ниво.
Хрватот се согласи на намалување на годишната плата, досега заработуваше 10 милиони евра, а во новата сезона ќе има годишни примања од 7,5 милиони евра. Претседателот Флорентино Перез најави дека сите нови договори ќе имаат и ковид-клаузула и одредено намалување на заработката поради финансиската криза предизвика од пандемијата на коронавирусот.
По потписот на Лука Модриќ, раководството ќе се фокусира на изнаоѓање заеднички јазик за нов договор со капитенот Серхио Рамос.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













