
Лука Модриќ и на 40-годишна возраст сè уште игра на врвно ниво, но веќе размислува за следниот чекор по завршувањето на неговата блескава кариера. Хрватскиот маестро планира да се врати во Реал Мадрид, но не брза со одлуката, бидејќи и на 41 година продолжува да прикажува извонредни партии во дресот на Милан, пишува шпанскиот портал „Дефенса Централ“ во текстот со наслов: „Модриќ ја прифати понудата, но го одложи своето враќање во Реал Мадрид“.
Според истите извори, Модриќ ја прифатил понудата на Флорентино Перез по крајот на кариерата да се врати во Мадрид – било како клубски амбасадор или како тренер. Сепак, неговата замисла е најпрво да земе една година пауза по заминувањето од Милан за да се посвети на семејството.
Потоа планира да се запише на тренерски курсеви, со цел да преземе една од младинските категории во академијата на Реал. Работата со деца е нешто што, како што тврдат шпанските новинари, му претставува голема желба и идеален почеток на неговата иднина како тренер.
Иако враќањето во Реал изгледа сигурен, Модриќ е свесен дека ситуацијата може да се промени. Неговите настапи за Милан се на највисоко ниво, а клубот е презадоволен од неговиот придонес. Во следните месеци се очекуваат разговори меѓу двете страни за идните чекори.
Во моментов, главна цел на Модриќ е настапот на претстојното Светско првенство, каде што сака на најдобар можен начин да се збогува со хрватската репрезентација и да ја одведе што подалеку на турнирот.
Кариерата на Лука Модриќ е величествена – тој ќе остане запаметен како еден од најдобрите играчи за врска во историјата на фудбалот. Со години настапуваше на највисоко ниво, одбивајќи многу попрофитабилни понуди, и создаде нераскинлива врска со Реал Мадрид и со хрватската репрезентација.
Модриќ со Реал Мадрид има освоено рекордни 28 трофеи, а со Хрватска беше втор и трет на Светски првенства и втор во Лигата на нации.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal