Српскиот напаѓач Лука Јовиќ ќе го напушти Милан веќе во јануари. Тој е четврта опција на позицијата централен напаѓач, а не е ни регистриран за Лигата на шампиони, па раскинувањето на соработката е логичен избор за двете страни.
Овие одлуки можеле да се случат и во завршниот период на неодамнешниот летен преоден рок, при што Јовиќ имал две понуди, но ги одбил. Не се наведува кои се понудите, но е јасно дека не ги задоволиле неговите стандарди, пишуваат италијанските медиуми.
Нова шанса за трансфер Јовиќ ќе има во зимскиот преоден рок, кога ќе биде достапен за многу клубови, а изгледа дека и побарувачката ќе биде поголема.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













