Српскиот интернационалец Лука Јовиќ ќе добие можност да ја оживее голгетерската форма и тоа на местото каде што блескаше пред да дојде во Реал Мадрид. Бундеслигашот Ајнтрахт Франкфурт сака да го доведе напаѓачот на позајмица до крајот на сезоната, со опција за целосен откуп на договорот.
Тој токму од Франкфурт за сума од 60 милиони евра направи трансфер во „кралскиот клуб“, но не се снајде најдобро во Мадрид и сега бара начин да се врати во старата препознатлива форма. Иако имаше најави за трансфер во Милан, сепак, многу пореална опција е следните шест месеци да ги мине на позајмица во Ајнтрахт Франкфурт. Се отвора и место затоа што Бас Дост е пред трансфер во Клуб Бриж и на германскиот тим му е потребен нов квалитетен напаѓач.
Ајнтрахт Франкфурт би платил 5 милиони евра за шестмесечна позајмица, а Реал Мадрид би финансирал дел од месечната плата на Србинот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













