
Црвена Звезда е заинтересирана да го врати во својот тим Лука Јовиќ, пишуваат италијанските медиуми. Српскиот шампион би сакал да го врати својот поранешен играч кој не се снаоѓа ниту во Фиорентина.
Јовиќ потпиша за Реал Мадрид во јули 2019. Шпанците за него му платија на Ајнтрахт Франкфурт 63 милиони евра, но во последните четири години не покажа дека вреди тие пари. Во моментов, тој има вредност од осум милиони евра.
Српскиот напаѓач ја мина првата сезона во италијанскиот калчолигаш Фиорентина и постигна 13 гола и пет асистенции на 50 натпревари во сите натпреварувања.
Тој е дете на Црвена Звезда, а неодамна со Фиорентина гостуваше на „Маракана“ и доби огромен аплауз од „Делиите“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Македонија ЃП го доведе Али Адем
