
Напаѓачот на Милан, Лука Јовиќ, ќе биде отсутен од терените уште околу еден месец, објави клубот.
Српскиот репрезентативец не настапува веќе два месеци поради пубалгија. За решавање на овој проблем, денеска во Белград му беше извршена операција, придружуван од член на медицинскиот тим на Милан. Интервенцијата на левиот ингвинален канал, извршена од д-р Жарко Вучковиќ, беше целосно успешна.
Операцијата, извршена од д-р Жарко Вучковиќ, беше целосно успешна. Јовиќ ќе остане во Белград осум дена пред да се врати назад во Италија.
26-годишниот фудбалер оваа сезона одигра само три натпревари поради повредата. Сепак, и без тоа, тој е трет избор за позицијата централен напаѓач во составот на Пауло Фонсека.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Гостивар го напушти теренот откако прими два гола и мечот не се доигра, но...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Втора лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ВТОРАТА ЛИГА

Евро-фудбал
Арсенал и ПСЖ во битка за финале во ЛШ
