Connect with us

Лука Јовиќ ќе го засили Интер?

Српскиот напаѓач Лука Јовиќ би можел да ја засили балканската колонија во италијанскиот првак Интер. „Нероаѕурите“ бараат решение по заминувањето на Ромелу Лукаку во Челси, и им се чини дека Јовиќ е најпрофитабилната инвестиција. Интер инсистира на позајмица, додека Реал Мадрид вели дека е можен само целосен трансфер.


Покрај италијанскиот тим, Ајнтрахт се уште е заинтересиран за услугите на Јовиќ. Таму напаѓачот ја мина последната полусезона, но и претходно го играше најдобриот фудбал во кариерата.


На почетокот на подготовките, Јовиќ имаше проблеми со повреда, додека сега, веќе извесно време, тренира со првиот тим на Реал Мадрид.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови