
Луис Суарез моментно настапува за уругвајскиот Насионал, но има договор до крајот на 2022 година и по Светското првенство ќе избере нов клуб. 35-годишниот напаѓач за клубот од Монтевидео одигра 10 натпревари и има ефект од четири постигнати гола и три асистенции.
Намерата на поранешниот напаѓач на Атлетико Мадрид, Барселона и на Ливерпул беше да ја одржи формата во татковината за да се подготви што подобро за Светското првенство во Катар.
Во договорот меѓу двете страни постои опција за продолжување на соработката и по Светското првенство, но на претседателот на клубот му е јасно дека соработката со Насионал завршува веќе во октомври.
“Кога ќе заврши првенството во Уругвај, Суарез ќе го напушти нашиот клуб. Така се договоривме со него кога избра да се врати во Насионал. Ова го кажувам за да не ги разочарам очекувањата на навивачите. Суарез ќе си замине”, изјави Фуентес.
Реал Сосиедад и Севилја се клубовите кои би го ангажирале Луис Суарез, а се споменуваше и Астон Вила за враќање во Премиер – лигата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Ал-Наср со 85 милиони евра по Габриел Мартинели

Евро-фудбал
ПСЖ намириса „одмазда“ и тргнува по Родриго

Интернационалци
Марио Илиевски се пресели во Косово – потпиша за Приштина
