
Португалскиот ветеран Луис Нани доаѓа во Италија. Според португалскиот „А Болa“, Нани би можел да игра за Венеција во Серија А во вториот дел од сезоната.
Португалецот веќе разговарал со челниците на Венеција за условите. Нани би играл до крајот на сезоната, а потоа би потпишал нов едногодишен договор во случај клубот да избори опстанок во Серија А.
Последен клуб за Нани беше Орландо во МЛС – лигата кој го напушти на почетокот на 2022 година, а пред Орландо имаше камбек епизода во Спортинг Лисабон.
Нани најголем белег во кариерата остави како член на Манчестер Јунајтед, а настапуваше и за Фенербахче, Валенсија и за Лацио.
За португалската репрезентација одигра 112 натпревари и постигна 23 гола.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар
