
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, изјави дека целта на тимот не е поставување рекорди, туку освојување трофеи, иако ПСЖ има шанса да ја заврши сезоната во Лига 1 без пораз.
Пред натпреварот против Ница в петок, тој истакна:
„Рекордите не се нашата примарна цел, туку титулите. Ако некој ме увери дека со пораз од Ница ќе се пласираме во финалето од Лигата на шампионите, веднаш би потпишал.“
Сепак, Луис Енрике истакна дека победничкиот ритам е важен за самодовербата на тимот, особено пред клучниот прв полуфинален дуел против Арсенал, кој следува четири дена подоцна.
„Станавме посолиден и поконзистентен тим. Тоа треба да биде мотив за да останеме конкурентни до самиот крај на сезоната.“
ПСЖ може да стане првиот тим кој ќе ја заврши целата сезона во Лига 1 без пораз, нешто што би било историско достигнување.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар
