Connect with us

Луис Енрике: ПСЖ заслужи многу повеќе од пораз

Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, беше крајно разочаран по поразот со 0-1 од Ливерпул во првиот натпревар меѓу двата тима од осминафиналето во Лигата на шампионите. Парижаните целосно ги надиграа „црвените“ на „Паркот на принцовите“, но не успеаја да ја материјализираат својата надмоќ и беа казнети во финишот.


Сепак, шпанскиот стратег смета дека неговиот тим заслужи повеќе од овој натпревар со прикажаната игра.

„Тешко ми е да го анализирам овој меч. Бевме подобри од Ливерпул, создадовме повеќе шанси и генерално имавме покомплетна игра против еден од најсилните тимови во Европа. Фудбалот понекогаш знае да биде неправеден. Сепак, продолжувам да верувам дека можеме да одиме понатаму. Ова е само првиот натпревар. Немаме што да загубиме во реваншот. Ако ја повториме играта од вечерва, ќе се пласираме понатаму. Да, на ‘Енфилд’ е тешко да се игра, но мора да го повториме ова издание. Во минатото сме надминувале вакви дефицити и можеме повторно да го направиме тоа“, уверен е Луис Енрике.

„Заслуживме повеќе. Нивниот најдобар играч беше нивниот голман – тој беше неверојатен. Овој натпревар не беше решен од статистиката или ситните детали. Ние бевме далеку подобар тим и не му дозволивме на Ливерпул да ја игра својата игра. Тие изгледаа подобро само во првите пет минути, но потоа целосно ги надигравме“, смета Шпанецот.

Потоа повторно зборуваше за претстојниот реванш во Англија следната недела.

„Ќе одиме таму и ќе им покажеме на сите дека ние сме тимот што заслужува да оди понатаму и знае како да го направи тоа. Немаме што да загубиме. Горд сум на моите играчи и нашите навивачи. Честитки до сите. Секој тим може да се подобрува, а јас сум тренер со високи стандарди. Но, во овој момент можам само да ги пофалам играчите и да ги мотивирам. Ќе одиме таму и ќе се обидеме да ги израдуваме нашите фанови“, заврши стратегот на ПСЖ.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови