
Ова лето дефинитивно е време Пари Сен Жермен и Килијан Мбапе да се разделат. Првата ѕвезда на тимот оди во Реал Мадрид како слободен играч.
Сепак, тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, не е загрижен поради фактот што неговиот најдобар играч го напушта тимот. Тој даде кус, но многу интересен одговор на прашањето за заминувањето на француската ѕвезда.
„ПСЖ ќе има подобар тим кога Килијан ќе си замине од клубот на лето“, изјави Луис Енрике со најава за засилувања во сите линии, офанзивно, дефанзивно, но и тактички.
ПСЖ е најдобриот француски клуб, тие се доминантни цела деценија. Од сезоната 2012/13 само двапати се случило клубот од главниот град да не ја освои титулата, во 2017 година шампион беше Монако, четири години подоцна Лил.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се засили со Луис Енрике
