
Прекрасен завршен удар од Гонзало Рамош, погодок на Нуно Мендеш и уште еден погодок на Дезире Дуе донесоа победа од 0-3 за Пари Сен Жермен против Салцбург на гости, што е само втора победа за нив во шесте натпревари од почетокот на групната фаза во Лигата на шампионите.
Со седум бода, ПСЖ се искачи на 24-то место на единствената табела и има шанса да стигне до елиминациите.
Тренерот на тимот, Луис Енрике, сепак, не беше премногу задоволен.
„Искрено, не игравме подобар натпревар од оние дуели против ПСВ или против Атлетико. Играта беше полоша и тоа е фудбалот. Статистиката покажува дека имавме помалку шанси за гол, но постигнавме три гола“, изјави Луис Енрике.
„Натпреварот беше отворен – напад по напад, домаќините можеле да нè казнат и да го променат текот на дуелот. Имаме помалку бодови отколку што заслужуваме, иако има место за подобрување во нашата игра“, додаде тренерот на ПСЖ.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Срамот е за Воска, која го напушти теренот и не го доигра мечот против...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski