Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, зборуваше по ремито со Ремс (1-1) во шестото коло на француското фудбалско првенство.
„Откако сум тука, ПСЖ речиси никогаш немал лесен натпревар на гости. Знаевме дека ќе биде тешко против Ремс, кој имаше мал посед на топката, но успеа да постигне гол од првата прилика. Не можеме секогаш да победуваме, но сепак имам позитивни впечатоци од сите играчи што учествуваа, и стартерите и резервите. Сите го дадоа својот максимум. Фудбалот е таков: понекогаш сè оди како што треба, понекогаш не. Ги разбирам критиките кон играчите кога не победуваме, но сум задоволен од сите. Секој доби шанса да се адаптира. Статистиката на Дембеле? Одлична е, но не е важно кој дава голови, важно е ПСЖ да победува!“, изјави Луис Енрике.
Ова беше прво реми за ПСЖ во новата сезона во Франција по четири последовни победи.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski