Connect with us

Луис Енрике на финални преговори за селектор на Бразил

Претседателот на Бразилската фудбалска конфедерација, Еналдо Родригез, следната недела треба да отпатува во Европа за да се сретне со потенцијалните кандидати за селектор, а Луис Енрике е еден од кандидатите во потесниот круг.


Бразилската федерација веќе се распрашала за достапноста на Шпанецот преку бразилската легенда и поранешен соиграч на Енрике во Барселона, Роналдо, кој разговарал со 52-годишниот тренер.


Поранешниот селектор на Шпанија не е единствениот на списокот на Родригез, на кој се наоѓаат некои познати имиња како актуелниот тренер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, иако Италијанецот инсистираше на тоа дека неговата намера е да го исполни договорот со „кралскиот клуб“.


Поранешниот селектор на Бразил, Тите, одлучи да се повлече по изненадувачката елининација на „селесао“ во четвртфиналето на Светското првенство, додека Луис Енрике беше отпуштен по големото разочарување на Шпанија во истата фаза против Мароко.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови