Connect with us

Луис Енрике ќе го преземе кормилото на Челси?

Поранешниот селектор на Шпанија, Луис Енрике, би можел да го преземе Челси, најавуваат медиумите на Островот. Лондончани размислуваат да го доведат искусниот стратег доколку актуелниот менаџер Грем Потер не успее да го испорача резултатите.


Енрике беше тренер на Барселона на клупско ниво од 2014 до 2017 година. Под негово водство, Каталонците двапати станаа шампиони на Шпанија, трипати го освоија Купот на Кралот, а исто така ја освоија Лигата на шампионите во сезоната 2014/15 и Суперкупот на УЕФА.

Последната работа на Луис Енрике беше во репрезентацијата на Шпанија. На Светското првенство во 2022 година, неговиот тим загуби од Мароко (0-0, пенали – 0-3) во осминафиналето на турнирот. По неуспешниот настап, тој поднесе оставка.

Медиумите на Островот последните недели тврдеа дека е можно Жозе Мурињо да се врати на „Стемфорд Бриџ“ по завршувањето на сезоната.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови