Ливерпул на крајот од сезоната речиси сигурно ќе остане без Трент Александер-Арнолд и без Мо Салах, а би можел да им се придружи и Луис Дијаз. Колумбискиот фудбалер, кој пристигна од Порто во јануари 2022 година, стана еден од клучните играчи на „црвените“.
Сепак, според шпанскиот „Мундо Депортиво“, тој наводно одбил да потпише нов договор со Ливерпул.
Напаѓачот е незадоволен од својот статус и смета дека управата на клубот не му покажува доволно почит, со оглед на неговото значење за тимот. Неговиот евентуален замин би претставувал сериозен проблем за Ливерпул, особено ако се земе предвид дека покрај Салах и Александер-Арнолд, на крајот од сезоната истекува договорот и на Вирџил ван Дајк. Сепак, капитенот е во завршни преговори за останување на „Енфилд“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













