
Каталонскиот гигант Барселона е решен да ја ангажира ѕвездата на Ливерпул, Луис Дијаз. 27-годишниот Колумбиец има 97 настапи за „црвените“ од неговиот трансфер од Порто за 50 милиони фунти во јануари 2022 година, постигнувајќи 24 гола и уште 17 асистенции.
Според шпанскиот печат, Барселона на лето сигурно ќе „нападне“ со понуда за Дијаз и тој е нивниот главен приоритет. Јасно е дека Барселона има сериозни финансиски проблеми кои се објавени во јавноста, но Каталонците ќе сакаат на некој начин сериозно да се засилат за новата сезона.
Барселона се обидува да генерира пари на секакви начини, вклучително и продажба на идните ТВ права на приватни компании. Според информациите, клубот ќе се обиде максимално да го испочитува лимитот за плата поставен од Ла Лига.
Тренерот Чави Ернандез верува дека Луис Дијаз ќе се прилагоди на тимот предводен од него и сериозно ќе ја засили левата страна од нападот во новата сезона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
