Connect with us

Луис Алберто уште четири години во дресот на Лацио

Италијанскиот калчолигаш Лацио официјално објави дека играчот од средниот ред Луис Алберто потпиша нов четиригодишен договор со клубот.


31-годишниот Шпанец е дел од римскиот клуб од 2016 година кога пристигна од Ливерпул. Од неговото доаѓање, Луис Алберто стана еден од најважните играчи во клубот, играјќи клучна улога во освојувањето на Купот на Италија и двапати Суперкупот на „чизмата“.

Шпанскиот играч за врска оваа сезона ја одигра секоја минута за Лацио, постигнувајќи два гола и забележувајќи две асистенции за 720 минути на теренот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови