Connect with us

„Лудо реми“ на Лион и Манчестер Јунајтед (ВИДЕО)

Лион и Манчестер јунајтед одиграа 2-2 во првиот дуел од четвртфиналето во Лига Европа, кој донесе вистинска драма во самиот финиш на средбата.

Домаќините од Лион поведоа во 26. минута со голот на Тиаго Алмада, кој искористи лоша проценка на голманот на Јунајтед, Андре Онана, по еден центаршут.

„Црвените ѓаволи“ израмнија во последните моменти од првото полувреме. По една мешаница во шеснаесетникот на Лион, Жан-Клер Тодибо лошо реагираше, а топката стигна до Лени Јоро, кој прецизно стрелаше за 1-1.

Во второто полувреме двете екипи имаа свои можности, но резултатот остана непроменет сè до 88. минута, кога капитенот Бруно Фернандеш маестрално нафрли, а Џошуа Зиркзе со удар со глава донесе предност од 2:1 за Јунајтед.

Сепак, Лион не се предаде. Во последните секунди од судиското продолжение, талентираниот Рајан Черки ја искористи невнимателноста на одбраната на англискиот тим и погоди за конечни 2-2, предизвикувајќи ерупција на радост на трибините.

Во останатите натпревари од 21 часот, немаше победник. Ренџерс и Атлетик Билбао одиграа 0-0 во Глазгов, а Баскијците промашија пенал во 82. минута. Тотенхем ремизираше 1-1 против Ајнтрахт Франкфурт во Лондон.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови