
Хрватскиот првак Динамо Загреб направи вистинска сензација елиминирајќи го англискиот премиерлигаш Тотенхем. Тимот на Аријан Адеми и Стефан Ристовски го совлада Тотенхем со 3-0, ја анулира негативата од два гола од првиот меч во Лондон и ќе игра во четвртфиналето на Лигата на Европа. Ѕвездениот состав на Жозе Мурињо со Кејн, Сон, Ламела и останатите остана покорен.

Мислав Оршиќ беше херојот на Динамо Загреб, постигна хет – трик против славниот англиски тим. Дамир Крзнар првпат седна на клупата откако Зоран Мамиќ мораше да отстапи пред неколку дена поради правосилна одлука за затворска казна. Но, сето тоа не ги поколеба фудбалерите на Динамо Загреб.
Со головите на Оршиќ во 62. и во 83.минута, Динамо Загреб се избори за продолженија, а напаѓачот во 106. минута со трет погодок му пресуди на Тотенхем.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski