Connect with us

Лудило на „Емирати“, Арсенал се врати од мртвите и победи (ВИДЕО)

Луд натпревар на „Емирати“и уште полудо враќање на Арсенал кој губеше од борнмут со 0-2, а на крајот славеше со 3-2.

Рајан Нелсон со гол во 97.минута донесе триумф за „топчиите“. 

Борнмут поведе по само девет секунди, кога Билинг го постигна вториот најбрз погодок во историјата на Премиерлигата. Потоа стигна уште еден шок за Арсенал со голот на Маркос Сенеси во 57.минута. 

Но, Томас Парти брзо намали, а Бен Вајт во 70.минута го израмни резултатот. Во судиското продолжение, Рајан Нелсон даде победнички гол за Арсенал. 

Челси конечно победи, откако на „Стемфорд бриџ“ го совлада Лидс Јунајтед со голот на Весли Фофана во 53.минута.

Вулверхемптон го победи Тотенхем исто така со 1-0, со голот на Адама Траоре во 82.минута, а Брајтон беше убедлив (4-0) против Вест Хем. Астон Вила минимално славеше против Кристал Палас со 1-0. 

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови