Фудбалерот на Интер, Стефано Сенси, ќе помине уште најмалку неколку дена во Милано, иако е договорено до крајот на сезоната да игра како позајмен играч во Сампдорија.
На крајот од првото продолжение, Сенси му донесе голема победа на Интер во осминафиналето од Купот на Италија против Емполи, а кога се знае дека шампионот во Серија А веројатно долго време ќе остане без Хоакин Кореа, јасно е дека сега на „Џузепе Меаца“ дополнително ќе се размислува.
Пред драматичниот меч против Емполи, Сенси веќе беше виден на пат кон Џенова, но се најде во протоколот за куп дуелот. Тоа го искористи со победнички гол, па ќе мора да почека уште неколку дена пред Интер конечно да пресече.
Повредата на Кореа промени се, па одлучувачки фактор ќе биде проценката колку долго ќе отсуствува Аргентинецот.
Сенси денеска требаше да биде претставен во Сампдорија, но во Милано ќе остане најмалку до сабота и натпреварот против Венеција.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул и Сити во трка за ѕвездата на Борнмут













