Connect with us

ЛШ: Реал е на прагот на полуфинале, но Челси не се откажува од намерата за сензација

Носителот на трофејот Реал Мадрид гостува кај Челси во реванш четвртфиналето во Лигата на шампионите. Фудбалерите на Карло Анчелоти имаат солидно водство од 2-0 и се фаворити за пласман понатаму. Пред една недела ги декласираа противниците и победија со головите на Карим Бензема и на Марко Асенсио.


Барем на хартија, Челси е аутсајдер и поради својата неубедлива форма, откако има четири порази во последните пет натпревари во сите натпреварувања. Досега, назначувањето на Френк Лампард за привремен менаџер не донесе и позитивна промена на играта.

Сепак, Челси не е за отпишување, бидејќи пред само една година во ова време тимот беше на прагот на сензационален пресврт во вкупниот резултат. Тогаш двата тима беа ривали во оваа фаза од Лигата на шампионите, а Реал го доби првиот меч на „Стемфорд Бриџ“ со 3-1. Во реваншот на „Бернабеу“, сините поведоа со 3-0, со што ќе се пласираа во полуфиналето. Сепак, лидерот во Ла Лига успеа да врати еден гол и да го одведе мечот во продолженија, каде домаќините повторно постигнаа гол и продолжија до трофејот.

Сега Лампард нема да може да смета на Бен Чилвел кој доби црвен картон на првиот меч. Од тој дуел повреден е и Калиду Кулибали. Новото засилување во одбраната Беноа Бадијашил нема настап за ЛШ, а Каи Хаверц беше под знак прашалник поради болки во коленото.

Анчелоти нема такви проблеми, бидејќи Ферланд Менди е единствениот отсутен, но тимот веќе подолго време е навикнат да игра без него. Тони Крос, Винисиус Жуниор, Едуардо Камавинга и Лука Модриќ добија одмор на последниот меч.

Победникот од овој дуел ќе игра во полуфиналето со подобриот од двомечот меѓу Манчестер Сити и Баерн Минхен. Англискиот тим има водство од 3-0 по мечот на „Итихад“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови