Connect with us

ЛШ: ПСЖ се протна во нокаут фазата, а Милан продолжува во Лига Европа (ВИДЕО)

Пари Сен Жермен одигра 1-1 на гости против Борусија Дортмунд, а тоа беше доволно за второ место и пласман во нокаут фазата во Лигата на шампионите, откако Милан со пресврт славеше против Њукасл со 1-2 на „Сент Џејмс Парк“.

Адејеми ја доведе Борусија Дортмунд во водство во 51.минута, но Заире-Емери израмни пет минути подоцна.

Њукасл имаше предност од 1-0 пред своите гледачи со голот на Жоелинтон, но Милан успеа да победи на крајот со 1-2, откако голови постигнаа Пулишиќ и Чуквуезе во вториот дел. Тоа на италијанскиот тим му донесе пласман во Лига Европа, а Њукасл испадна од европските натпреварувања.

Антверпен оствари историски триумф (3-2) против Барселона, но шпанскиот тим претходно обезбеди пласман во нокаут фазата. Му се придружи и Порто од втората позиција откако дома славеше против Шахтјор Доњецк со 5-3.

Атлетико Мадрид го совлада Лацио со 2-0, со головите на Антон Гризман и на Самуел Лино, а Селтик победи против Феенорд со 2-1.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови