
Италијанскиот калчолигаш Милан го победи Пари Сен Жермен со 2-1 на „Сан Сиро“ и ги задржа шансите за пласман во нокаут фазата од Лигата на шампионите. Џанлуиџи Донарума имаше жесток пречек во Милано од фановите на Милан, а прими и два гола.
Милан Шкриниар во деветтата минута ги доведе гостите во водство, но израмни Рафаел Леао само три минути подоцна, а Оливие Жиру се погрижи за пресврт во 50.минута.
Атлетико Мадрид го растури Селтик со 6-0. Шкотскиот тим играше со фудбалер помалку од 23. минута по исклучувањето на Маеда. Двојни стрелци беа Антоан Гризман и Алваро Мората, а погодија и Самуел Лино и Саул Нигез.
Манчестер Сити ја оствари и четвртата победа во групата и веќе е во нокаут фазата. „Граѓаните“ славеа со 3-0 против Јанг Бојс. Ерлинг Халанд од пенал ја отвори серијата, во последните мигови од првиот дел Фил Фоден зголеми на 2-0, а Халанд постигна уште еден гол во 51.минута за конечни 3-0.
Црвена Звезда забележа уште еден пораз. Од Белград со триумф замина Лајпциг (1-2). Чави Симонс во осмата минута и Лоис Опенда во 77.минута беа стрелци за германскиот тим, а голот за Црвена Звезда всушност беше автогол на Бењамин Хенрикс во 81.минута. Лајпциг со овој триумф исто така обезбеди осминафинале, покрај Манчестер Сити.
Порто го победи Антверпен со 2-0, со головите на Еванилсон од пенал и на ветеранот Пепе, а Чиро Имобиле му донесе триумф од 1-0 на Лацио против Феенорд.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари
