Манчестер Јунајтед се соочува со закана да не ја мине групната фаза при враќањето во Лигата на шампионите. По две одиграни кола „црвените ѓаволи“ се последни и четири бода зад второпласираниот Галатасарај.
Вечерва претстои „најлесниот“ натпревар за Манчестер Јунајтед во групата, дуел со аутсајдерот Копенхаген. Натпреварот на „Олд Трафорд“ е закажан за 21 часот, но одеднаш овој меч е најтежок, затоа што „ѓаволите“ едноставно мора да го добијат.
Можеби се очекуваше тимот да ја загуби големата пресметка со Баерн Минхен во Германија, но „црвените ѓаволи“ си го загорчија животот со поразот од Галатасарај (2-3) на домашен терен, во кој двапати водеа.
По паузата за репрезентациите, Копенхаген и Манчестер Јунајтед успеаја да ги добијат своите првенствени натпревари во саботата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













