Connect with us

ЛШ: Ливерпул се надева на чудо после кошмарот од Реал Мадрид на „Енфилд“

Реал Мадрид го пречекува Ливерпул во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите. Избраниците на Карло Анчелоти имаат комфорно водство откако одиграа фантастичен натпревар на „Енфилд“, каде што победија со 5-2, и покрај двата брзи гола на англискиот клуб. „Кралевите“ веќе некое време се ноќна мора за Ливерпул.


Тие победија на шест од последните седум натпревари меѓу двата тима, а два од нив беа во финалето на најпрестижниот клупско натпреварување.

Сепак, Реал се мачеше по победата на „Енфилд“, ремизирајќи двапати во Ла Лига, а загуби со 1-0 од Барселона во Купот на Кралот. Тимот се врати на победите пред неколку дена кога триумфира со 3-1 против Еспањол.

„Кралскиот клуб“ се пласирал понатаму во 26 од 27 наврати кога победил на првиот натпревар на гостински терен. Единствен исклучок е испаѓањето од Ајакс во 2019 година.

Тимот на Карло Анчелоти нема примено повеќе од еден гол на домашен натпревар од април минатата година, кога загуби со 2-3 од Челси, но сепак ги елиминираше лондончани.

По поразот од Реал, Ливерпул ремизираше 0-0 со Кристал Палас пред да го победи Вулверхемптон и да го декласира Манчестер Јунајтед со 7-0. Сепак, по големиот успех над „црвените ѓаволи“ следуваше пораз од Бурнмут, како последен меч во Премиер – лигата пред гостувањето во Мадрид.

Овој неуспех ги искомпликува шансите на „црвените“ за пласман во Топ 4 кој носи и учество во Лигата на шампионите следната сезона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови