Реал Мадрид оствари уште една победа против Аталанта, овојпат со 3-1 и се пласираше во четвртфиналето на Лигата на шампионите. По две години кога патот го завршуваше во осминафиналето, тимот на Зинедин Зидан патува меѓу осумте најдобри во елитното европско клупско натпреварување.
Карим Бензема го отвори резултатот во корист на Реал Мадрид, откако тимот одигра висок пресинг, погреши голманот Спортиело, а Модриќ асистираше за францускиот интернационалец во 34.минута.
Серхио Рамос од пенал зголеми на 2-0 во 60.минута, а во финишот Луис Мјуриел од слободен удар постигна почесен гол за Аталанта. Во 85.минута Марко Асенсио го постави конечниот епилог во Мадрид.
Манчестер Сити повторно ја победи Борусија Менхенгладбах со 2-0. „Граѓаните“ завршија работа за дваесетина минути. Кевин де Бруин во 12.минута донесе водство, а шест минути подоцна Илкај Гундоган погоди за 2-0.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













