
Челси е годинашниот победник во Лигата на шампионите откако го совлада Манчестер Сити со 1-0 во финалната пресметка на „Драгао“ во Порто. Каи Хаверц е херојот на лондонските „сини“, успеа во 42.минута да го совлада Едерсон по одличната асистенција на Мејсон Маунт. Тоа е дебитантски погодок на германскиот интернационалец во елитното европско натпреварување и го постигна во вистински момент.
Тимот на Пеп Гвардиола го доживеа само вториот пораз на последните 30 натпревари, но токму во битката за трофејот. Томас Тухел успеа да го подигне Челси на такво ниво за да може физички да го неутрализира составот на неверојатниот тактички маг Пеп Гвардиола.

Во вториот дел, Кристијан Пулишиќ имаше одлична шанса и за втор погодок, но Едерсон излезе како победник во дуелот. Манчестер Сити остана без капитенот Кевин де Бруин по жестокиот дуел со Рудигер, а потоа Гвардиола фрли се на една карта и ги уфрли во игра Габриел Хесус и Серхио Агуеро. Но, Челси одигра одлично во одбраната, во средниот ред царуваше Нголо Канте, а и Менди беше присебен на голот кога тоа беше потребно.


-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика
