Германскиот првак Баер Леверкузен на фуриозен начин го стартуваше настапот во Лигата на шампионите. Тимот на Чаби Алонсо славеше со 0-4 на гости кај Феенорд.
Флоријан Вирц беше стрелец на два гола, погоди и Грималдо, а во 45.минута домаќинот си постигна и автогол. Феенорд беше нокаутиран веќе во првото полувреме, кога Баер Леверкузен поведе со четири гола разлика.
Бенфика успеа да слави во Белград против Црвена Звезда со 1-2. Актуркоглу во деветтата минута го отвори резултатот, а потоа Кокчу постигна убав гол од слободен удар во 29.минута.
Црвена Звезда намали со голот на Милсон во 86.минута, но немаше сили и да го избегне поразот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













