Англискиот премиерлигаш Челси и вторпат славеше, овојпат со 2-0, против Атлетико Мадрид и обезбеди пласман во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Тимот на Томас Тухел покажа поголема цврстина од „воините“ на Диего Симеоне и заслужи да го елиминира шпанскиот претставник.
Хаким Зијеч во 34.минута го постигна водечкиот погодок за Челси. Во завршницата Атлетико Мадрид остана и со фудбалер помалку поради црвениот картон на Стефан Савиќ. Во судиското продолжение Емерсон по брз противнапад го постави конечниот епилог.
Баерн Минхен со 2-1 славеше и на реваншот против Лацио. Роберт Левандовски од пенал донесе водство за Баерн Минхен, а Чупо – Мотинг зголеми на 2-0. Марко Пароло постигна почесен гол за „лацијалите“, но германскиот тим надмоќно се пласира во четвртфиналето.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













