
Германскиот бундеслигаш Борусија Менхенгладбах е во страшна резултатска криза. Нанижа пет порази по ред во сите конкуренции, и тоа откако актуелниот тренер Марко Росе јавно истакна дека ќе си замине на крајот од сезоната и ќе ја продолжи кариерата на клупата на Борусија Дортмунд. Тоа очигледно го погоди премногу актуелниот состав.
Што може германскиот тим во една ваква ситуација, кога повторно го очекува дуел со Манчестер Сити. Тимот на Пеп Гвардиола доминираше и на првиот натпревар, има предност (0-2), а вечерва ќе биде домаќин на „Пушкаш арена“ во Будимпешта.
„Нема предавање. Има квалитет во овој тим на Борусија Менхенгладбах и верувам дека тоа момците ќе го покажат. Пласманот во следната рунда е веќе друго прашање, со оглед дека имаме негатива од првиот меч. Но, ова е Лига на шампиони и во фудбалот се е можно“, изјави Марко Росе.
Пеп Гвардиола не дозволува опуштање во тимот и најави конкурентен состав и за вечерашната пресметка во ЛШ против Борусија Менхенгладбах.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш
