Connect with us

ЛШ: Баерн има ’пет од пет’, Роналдо го одведе Јунајтед во нокаут фазата

Германскиот првак Баерн Минхен продолжува во победнички ритам во Лигата на шампионите. Во петтиот натпревар, баварскиот клуб стигна до петтата победа откако го совлада Динамо Киев на гости со 1-2.

Роберт Левандовски со фантастичен удар со ножички донесе водство во 14.минута, а Кингсли Коман пред крајот на првиот дел зголеми на 0-2. Денис Гармаш само ја намали негативата во 70.минута, но украинскиот тим немаше сили за израмнување.

Манчестер Јунајтед се пласира во нокаут фазата откако славеше со 0-2 против Вилјареал на гости. По отказот на Оле Гунар Солскјер, на клупата беше Мајкл Карик, а Кристијано Роналдо погоди во 78.минута. Во финишот, Џејдон Санчо во 90.минута го потврди триумфот на „црвените ѓаволи“.

Standings provided by SofaScore LiveScore
Standings provided by SofaScore LiveScore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови