Баерн Минхен е непобедлив во Лигата на шампионите и неверојатната серија на германскиот првак продолжи и во Истанбул. Баварскиот клуб славеше со 1-3 против Галатасарај на гости и стигна до девет бода во групата, речиси трасирајќи го патот за нокаут фазата.
Кингсли Коман во осмата минута донесе предност за Баерн, но израмни Мауро Икарди од пенал во 30.минута.
Сепак, Хари Кејн постигна гол за 1-2 во 73.минута, а потоа и му асистираше на Џамал Мусијала за трет гол на својот тим во 79.минута.
Интер го одбрани Милано и го победи Салцбург со 2-1. Алексис Санчез во 19.минута обезбеди водство за Интер, а Салцбург израмни преку Оскар Глук во 57.минута. Победничкиот гол за „нероаѕурите“ го постигна Хакан Чалханоглу во 64.минута од мечот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Рафиња се врати на тренинзите на Барселона













